Шлагери


Славе Димитров (1 јуни 1946Битола) е познат македонски композиторпејач аранжер и музички продуцент. 
Kариерата како музички автор, аранжер и изведувач ја започна во Битола . Првиот успех го постигна на фестивалот “Младина 66” во Суботица. Уште како студент на Музичката академија во Белград (1966-1970) постигна голем југословенскиуспех со освојувањето на првата награда на фестивалот “Вашиот шлагер на сезоната 68”. Истата година ја сними за РТБпрвата сингл плоча. Во 1970 се вработи како продуцент во Радио Скопје.
На ова оваа функција останува скоро 20 плодни години, како музички продуцент зад себе ќе остави илјадиници музички снимки од сите жанрови, во кои се застапени скоро сите тогаш актуелни македонски изведувачи, ансамбли и групи од областа на популарната, рок и џез музика. Овие снимки, се осведочено културно наследство за тој период што редовно се експоатира од емитерите во радиодифузниот етер. Во 1971 на Фестивалот Скопје за првпат е изведена неговата легендарна песна “Чија си”, која доживеа повеќе верзии и безброј изведби кај нас и во странство. Ова песна во неколку официјални избори и анкети освоила повеќе епитети од типот “песна на милениумот”, инспирира театрска претстава и нашироко инспирира романтика др.

No comments:

Post a Comment